Home Вебкафе Проституција, оргии и геј сауни: Двојниот живот на бисексуалниот свештеник ја шокираше црквата

Проституција, оргии и геј сауни: Двојниот живот на бисексуалниот свештеник ја шокираше црквата

Британскиот свештеник со американско потекло, Џејмс Мередит Деј, кој учествувал во оргии, посетувал геј сауни и собирал „перверзни порнографски материјали“ е исфрлен од црквата откако детали од неговиот двоен живот неговата сопруга ги раскажа пред црковниот суд.

„Свештеникот се однесувал разуздано и девијантно, а со тоа го нарушил угледот на црквата. Поради тоа, доживотно му е забрането да се занимава со свештеничката служба“, се наведува во известувањето од англиската црква, пренесува Daily Mail.

Неговата сопруга Бирт Деј (од која е разделе), пред црковниот суд во Лондон сведочела за валканите тајни на Џејмс, а доказите за неговиот двоен живот ги собирала со години. „Џејмс користеше лажен идентитет за да запознава мажи и жени со кои подоцна стапуваше во сексуални односи. Исто така, во својот компјутер чуваше обемна порнографска содржина, поточно порно филмови преполни со настрани сцени: оргии, мачење, садо мазо, мачење на млади момчиња и слично“, изјави Бирт.

Во животот на нејзиниот сопруг биле важни само две работ – Бог и секс. „И мене ме малтретираше, ме давеше, ме гризеше и плукаш кога ќе носев некое пократко здолниште пред градежните работници“, открива таа пред црковниот суд. Судот донесе пресуда дека однесувањето на свештеникот не е криминален чин, но заклучено е дека со тоа тој нанел голема штета на угледот од црквата, поради што беше експресно расчинет.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Бен Афлек искрено за крахот на љубовта со Џенифер Лопез: Тие што најмногу ги сакаш, најмногу те полудуваат

БЕН АФЛЕК ИСКРЕНО ЗА КРАЈОТ НА ЉУБОВТА СО ЏЕНИФЕР ЛОПЕС: „ТИЕ ШТО НАЈМНОГУ ГИ САКАШ, НАЈМН…