Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повторно е одложено денешното рочиште за случајот „Пуч“. Двајца новоназначени поротници немале безбедносни сертификати. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и специјалната обвинителка Катица Јанева претходно пристигнаа во Основниот суд Скопје 1 каде што требаше да се одржи главната расправа за случајот.
На одложувањето реагираше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ја обвини судијката за злоупотреба на службена должност, бидејќи неоправдано година и половина се одложува рочиштето. Јанева обвини и за манипулација и неколку пати ја праша судијката како не и е срам, бидејќи,како што рече, не може да си игра со животот на обвинетите.
Рочиштето кое се одржа во септември и беше прв обид за почеток на процесот по понишувањето на аболициите, беше исто така одложено од страна на Судот поради болест на поротник.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која присуствуваше на последното рочиште изјави дека е подготвена да ги изнесе наводите во обвинителниот акт по неколкумесечното подготвување на предметот кој го презедоа од Обвинителството за организиран криминал.
Покрај тоа, Јанева побара во Судот да биде повикан и сведокот, поранешниот премиер Никола Груевски.
За шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи покрај Заев одговараат и екс разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникот во Општина Струмица Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски од МВР.