Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лук Каванаг отсекогаш мисле дека неговиот прекрасен авганистански загар Теа е премногу убаво куче за да го чува само дома, па одлучил дека црното долго и елегантно влакно од Теа треба повеќе да го експонира. Но, не очекуваше дека фотографијата од Теа која ја објави на социјалните мрежи ќе биде споделена над еден милион пати.
„Претпоставувам дека луѓето фотографијата главно ги привлекла поради свиленкастата боја на влакното од Теа во комбинација со нејзиниот достоинствен изглед, а таа е токму таква“, вели Лук.
Нивните викенд прошетки се вистинска мала авантура бидејќи Теа го привлекува и ужива во вниманието од случајните минувачи.
„Се преправа дека нема потреба од внимание, но дефинитивно го сака тоа, како и секој друг супермодел. Имам посебен однос со Теа во секој момент кој го поминуваме заедно“, додава гордиот сопственик.