Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Постои разлика помеѓу обичните главоболки и мигрената. За да дознаете дали имате мигрена одговорете на следните 3 прашања.
-Дали главоболката во последните три месеци ви ги има ограничено активностите?
-Дали за време на истата чувствувате мачнина и чувство на гадење?
-Ви пречи ли светлината кога имате главоболка?
Доколку на сите три прашања дадовте потврден одговор, тоа е знак дека патите од мигрена. Затоа е мошне важно да пратите кога се појавува и што ја предизвикува.
Во меѓувреме обидете се да ја смирите болката на природен начин:
-Направете чај од лаванда или хмељ и додадете го во водата за капење. Одмарајте во оваа вода околу 20-тина минути.
-Помешајте 5 лажици од жалфија со бел слез, во тоа додадете маслиново масло и замотајте ги состојките во ленена крпа. Затоплете ја крпата и потоа ставете ја облогата на челото.
-Тилот и слепоочниците масирајте ги со масло од камилица, нане или смрека. По масажата лежете и одморете околу половина час.