Сè околу нас, вклучително и ние самите технички сме 99,9999999% празен простор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Човекот знае да се чувствува исполнето кога има добра работа, многу пријатели, партнер, нов автомобил, стан и сл. Но, приземјувачки е фактот дека сето тоа, вклучувајќи не и самите себеси, технички е составено од 99.9999999% празен простор.

Како? Големината на атомот е регулирана од просечната локација на неговите електрони, т.е колку простор има помеѓу јадрото и надворешната аморфна обвивка на атомот. Јадрото, инаку, е 100 000 пати помало отколку атомот во чие средиште се наоѓа – тоа значи дека ако е со големина на кикиритка, атомот би бил со големина на фудбалски стадион.

Доколку би го изгубиле празниот простор внатре во нашите атоми, секој од нас би можел да собере на една честичка прашина, а човечкиот род во целост би имала волумен колку една коцка шеќер.

Но ако сите атоми во Универзумот се скоро целосно составени од празен простор, тогаш како било што има цврстина? Зошто не можеме да поминуваме еден низ друг, како духови? Зошто автомобилите не пропаѓаат во патиштата, низ јадрото на земјата, и да излезат од другата страна на Земјината топка?

Тоа е така бидејќи празниот простор всушност никогаш не е празен, туку е исполнет со разни бранови и невидливи квантни полиња.

Празниот простор во атомите може да го замислите како вентилатор со ротирачки перки. Кога тој не работи, можете да гледате во неговиот празен простор и да ја протнете раката помеѓу перките. Меѓутоа, кога работи, доколку раката ја протнете во истиот тој празен простор, ќе ги допрете перките во движење. Во овој пример, перките се исти како електроните кои се движат низ атомот, окупирајќи го просторот со нивните бранови.

А бидејќи скоро целата маса на нашите атоми е складирана во јадрата, кога допираме нешто (или некого), ние всушност не ги чувствуваме нивните атоми, туку електромагнетна сила на нашите електрони кои ги оттурнуваат нивните.

На многу, многу, многу техничко ниво, вие моментално воопшто и не седите на столче, туку лебдите врз него.