Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На модната недела во Париз, модната куќа Louis Vuitton претстави нови маски за мобилен телефон, кои со формата потсетуваат на популарниот модел на чанти Le Petite Malle.
Не е тајна дека модните куќи најмногу заработуваат од модните додатоци, кои ги следат нивните колекции, а токму маската е еден од поновите аксесоари.
Во новата колекција Louis Vuitton претстави неколку верзии на маски од тврда и компактна кожа украсена со монограм и ситни детали, со што самата маска изгледа мошне моќно и неодоливо.
Освен оваа модна куќа и Stella McCartney, Moschino и Jeremy Scott веќе дизајнираа свои маски, кои станаа мошне популарни меѓу познатите.