Пратеничка од Исланд го доеше бебето на говорницата од парламентот (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Унур Бра Конрадсдотир, пратеничка од исландската Независна партија, ја доеше својата ќерка додека држеше говор во Алтинги (исландскиот парламент).

Ова досега не се случило во островската држава, а веројатно ни било каде во светот. Ставовите во однос на доењето во јавност се доста либерални во Исланд, како што демонстрира и овој настан.

Политичарката објаснила зошто го донела своето бебе на подиумот за време на говорот во однос на новиот закон за имиграција.

„Беше гладна и не очекував да одам на говорницата. Потоа, друг пратеник зборуваше за закон кој јас го предложив, на што морав да одговорам. Така што, или требаше да го тргнам девојчето од мене и да ја оставам да плаче со пратеникот кој седеше до мене, или само да ја земам со мене, што мислев дека ќе причини помалку вознемирување“, вели Бра Конрадсдотир.

Додава и дека ќерка ѝ доаѓа со неа на седниците откога е родена и колегите пратеници се навикнати на неа.

„Има доаѓано на голем број средби на комитети со мене, во текот на последните денови пред распуштањето на парламентот. Вообичаено е многу мирна, а кога гласаме цврсто спие. Така што, имало многу малку незгоди претходно“, вели пратеничката.