Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Калифорниската компанија Altwork дизнајнираше совршена работна маса, која го достигна врвното ниво на удобност за време на работата пред компјутер.
Дизајнерите на компанијата, по цели пет години работа ја осмислија работната маса која на корисниците им овозможува не само да лежат додека работат, тука и да го постават телото во бројни положби меѓу седење и лежење.
Оваа маса потсетува на футуристичките седишта во авионите и им овозможува на корисниците да одберат една од четирите позиции.
Доколку ја одберете најудобната опција и се одлучите да легнете, мониторот ќе се стационира над вашата глава, а глувчето и тастатурата нема да паѓаат за време на работата бидејќи се прицврстени со магнети на работната површина, исто така масата има и држачи за рацете со што ќе ви овозможи максимнална удобност.