Слушање музика додека трчате – еве неколку совети за тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се повеќе љубители на трчањето не можат да ја замислат оваа активност без слушалки и омилената музика која често им служи како мотивација, но почетниците во тоа често грешат.

Многу од нив ги преценуваат своите способности, се преоптоваруваат и се исцрпуваат, а за сето тоа е виновна гласната музика.

Гласната музика не смее да го одредува темпото на трчање. Треба да се слуша телото, објаснува професорот Инго Фробоесе за агенцијата дпа.

Омилената песна не треба не треба да биде совршен партнер за трчање. Јачината на музиката треба да биде во согласност со темпото на трчање.

Па како да ја изберете оптималната музика за тренинг? Најважен е бројот на удирања по минути (БПМ) кој го одредува темпото и би требало да одговара на бројот на чекорите.

За еден човек кој се занимава со овој спорт идеалното темпо е од 140 до 160 БПМ. Тоа е на пример ритамот на песната „Take On Me“ од групата А-ha или „Move in the Right Direction“ од групата Gossip.

На интернет можат да се видат специјализирани плеј листи кои одговараат на БПМ.

Научниците велат дека не е лошо и трчањето во тишина , затоа што овозможува подобра перцепција на телото во текот на вежбањето, контрола на дишењето, а и мускулите поинтензивно работат без гласната музика.

Тркачите можат да слушаат гласна музика кога мотивацијата им е изоставена, инаку се препорачува трчање во тишина, вели Froboese.