Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британскиот дизајнер Енди Ваг осмислил концепт на јахта за милионери, кои сакаат да се истакнуваат меѓу своите богати пријатели. Луксузната јахта Nouveau е вистински рај со драматичен изглед.
Јахтата има раскошна кабина за сопственикот, со свои балкони со џакузи, тобоган и голем базен.
– Целта на тобоганот е да се чувствувате поврзани со природата и со океанот кој ве опкружува, изјавил дизајнерот.
На јахтата има и ВИП кабини за гости, како и канцеларија и просторија за дружење.
– Nouveau цели кон млади и модерни клиенти кои не ја избираат големината туку само сакаат да се истакнат, објаснува Ваг и додава дека при дизајнирањето не му билa приоритет функционалноста на просторот, туку радикалниот изглед.