Виц: Докторе, мебелот ми зборува дома


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оди маж на лекар и му вели на лекарот:

„Докторе, почнувам да полудувам. Мебелот дома почна да ми зборува!“

„Како бре мебелот почнал да ти зборува?!“

„Така. Си спијам јас ноќеска дома во спалната, со жена ми и го слушам ноќта, во полусон, шифоњерот како прашува: Заспа ли? Заспа. вели жена ми. Тогаш ќе си одам јас, вели шифоњерот. Рипам од сон како попарен сиот: Како бе ќе си одиш?! Уште три рати имам да те доисплатам!!!“