Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спортскиот центар “SportPlaza Mercator” во Амстердам е така проектиран да изгледа како тврдина прекриена со растенија.
“SportPlaza Mercator” е ултра модерен спортски центар каде се наоѓаат неколку базени, теретана, солариум, сауна, сала за фитнес и угостителски објекти.
Центарот е сместен на влез од парк во мултикултурниот регион De Baarsjes во Амстердам. Со желба подобро да го вклопат во околината, а и да го зачуваат природниот изглед на средината, архитектите ја камуфлираа неговата фасада со помош на растенија и цвеќиња.
Зад зелениот ѕид се наоѓа трокатна зграда со базени, сауна, фитнес центар како и банкет сали, ресторан за брза храна, кафетерии и детска игротека. Тука, се разбира е и отворениот базен.
Прозорите на покривот од друга страна се поставени стратешки за да се овозможи продор на природна светлина.
“SportPlaza Mercator” е отворен во 2006 година, но после неколку години ја доби наградата на холандскиот магазин “Dak & Gevel Groen”.