Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прора е крајморски ресорт на островот Риген, во Германија, познат по колосалната туристичка градба која ја изградиле таму Хитлер и нацистите.
Енормно големиот станбен комплекс беше изграден помеѓу 1936 и 1939 година. Осумте згради беа изградени со идентичен изглед, и иако беа планирани како ресорт за одмор, никогаш не беа искористени за таа намена.
Во тие три години, повеќе од 9.000 работници ги изградија објектите од цигли и бетон, во духот на volksgemeinschaft, создавајќи вистинска бетонска станбена мегаломанија.
Но, кога Третиот Рајх киниса во уништувачк воен поход низ Европа, работниците се вратија во нивните фабрики и Прора остана напуштен и запоставен. Објектот остана празен, да сведочи за пропаста за сонот на нацистите.
Тоа беше негова судбина до 2013 година, кога германската компанија Metropole Marketing ги откупи правата за обновување на Прора и изградба на луксузно летно одморалиште со апатрмански комплекси кои ќе работат преку цела година.
Тие очекуваат нивниот проект комплетно да биде завршен до 2022 година, а во него ќе бидат вклучени неколку од осумте блока на нацистичката градба, меѓу кои ќе има и Prora Solitaire Home и Prora Solitaire Hotel Apartmetnts and Spa сектори.
Блокот со апартмани во Прора беше пуште на почетокот од ова лето, а нивните цени се движат помеѓу 400.000 и 725.000 долари.