Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден човек во мало американско гратче секогаш заспивал на неделната литургија и ја срамел својата жена. Свештеникот ја посоветувал да земе една игла и секој пат кога види дека заспал, да го боцне. Следната недела свештеникот решил да провери што запаметиле луѓето од неговите проповеди.
– Кој е нашиот Спасител?
Жената видела дека мажот ѝ заспал и го боцнала.
– Исус Христос (Jesus Christ)! – се штрекнал и викнал тој.
– Многу добро! – Се израдувал свештеникот.
По некое време, мажот пак заспал. Свештеникот продолжил да прашува:
– Како му се обраќаме Нему во нашите молитви?
Жената пак го боцнала.
– Боже мој (My God)! – повторно срипал мажот целиот штрекнат.
– Токму така!
Наскоро мажот пак заспал и тоа длабоко. Свештеникот, пак поставил едно прашање:
– А што му рекла Ева на Адам, кога му го родила 99-тото дете?
Жената го боцнала силно длабоко заспаниот маж.
– Е доста е веќе! Ако уште еднаш ме боцнеш со тоа нешто, ќе го скршам на две и ќе ти го напикам во задникот!