Виц: Ај биди како пастувот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Маж и жена се шетаат во природа. Гледаат на една ливада довеле еден коњ да ги оплодува кобилите. Стопанот го гали по главата, потоа го чешка зад увото и коњот скока на кобилата. Со следната кобила пак така – галење по главата, чепкање зад увото и коњот отскокнува. Така седум пати.

Вечерта си легнуваат да спијат, мажот се врти и веднаш почнува да ‘рчи. А жената место не ја фаќа. Се врти кон мажот и почнува да го гали по главата и да го чешка зад увото. На мажот му текнува што сака жена му и ја „опслужува“. Добро, ама таа пак почнува да го гали и чешка. Постапката се повторува. Кога по трет пат жената почнува да го чешка и гали, шепотејќи му „Ај биди како пастувот“, мажот ѝ вели:
– Жено, остави ме на мира! Коњот го чешкаа зад увото, ама му менуваа кобили…