Виц: Швалер на дело


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Успеал некако швалерот од една жена да издржи во плакарот додека да заспие мажот кој ненадејно се вратил порано дома вечерта.

Кога заспал сопругот, овој зел една од неговите јакни за да не му студи гол кога ќе си оди, па полека излегол од плакарот.

Но, во тој момент се разбудил сопругот, па сиот сонлив, го гледа швалеров фатен на дело и го прашува:

– Кој си бе ти?!

Швалеров фатен во тесно, му вели:

– Јас сум молец!

– Па што правиш со мојата јакна?

– Дома ќе си ја јадам, бе брат, дома на раат ќе си ја јадам…