Вечер започнува јубилејното 55-то издание на Струшки вечери на поезијата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со традиционалното читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува 55. јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

По официјалното отворање на манифестацијата следува меѓународно поетско читање „Поетски меридијани“. Следниот ден на програмата е портрет на минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија Виолета Танчева-Златева, а потоа следуваат поетски читања на поети од потесниот избор за оваа награда за 2016 година. Портрет ќе има и добитничката на наградата „Мостови на Струга“, која СВП и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга, Руна Светликова, а поетски портрети ќе имаат и други учесници на фестивалот.

Традиционалното садење на дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд ќе се одржи в сабота во Паркот на Поезијата. Неизоставен дел од манифестацијата се и поетските читање низ градовите, „Поезија на пат“, што годинава ќе се реализира во Охрид, Битола, Ресен и Скопје.

Традиционалното садење на дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“, канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд ќе се одржи в сабота во Паркот на Поезијата. Неизоставен дел од манифестацијата се и поетските читање низ градовите, „Поезија на пат“, што годинава ќе се реализира во Охрид, Битола и Ресен.

На јубилејните 55. Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 32 поети од 30 земји. Присутни ќе бидат поети од соседството, Италија, Австралија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Белгија, Израел, Унгарија, Кина, Калифорнија, Мексико, Шпанија, Франција, Ирска, Индија,