Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој хотел нема ни ѕидови, ни водам ни купатило, ни плахари, а луѓето сепак плаќаат 250 евра за ноќевање и чекаат во ред за да го букираат.
Имено, „The Null Stern Hotel“ се наоѓа на швајцарските Алпи на висина од скоро 2000 метри и уреден е скромно, што не може поскромно.
Станува збор за отворена соба, кои ја осмислија концептуалните уметници Франк и Патрик Риклин за еден уметнички фестивал, на кој го воодушевија посетителите и добија идеја за добар бизнис.
„Собата“ поставена високо во планината ви овозможува да ја доживеете природата на досега невиден начин – со удобност и мек кревет. Притоа, ова што го нема во материјалот, оваа соба го компензира во услугата.
Имено, за 250 евра ќе добиете и пијалок за добредојде, приватен батлер и доручек.
Дали би се решиле на една ваква авантура?