Започна Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со дефиле на учесниците и нивна изведба на изворни народни песни во центарот на Прилеп вечерва започна 42-риот Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Од преку 500 пријавени, годинава учествуваат околу 350 поединци и групи од цела Македонија и од Србија, Бугарија, Русија и од Австралија.

02.07dolneni2

Според уметничкиот директор Родна Величковска од Институтот за фолклор од Скопје, Фестивалот успешно ја негува и ја зачувува изворната фолклорна традиција во Македонија, а таа се пренесува на младите поколенија.

„Доказ за тоа се големиот број нови млади учесници на Фестивалот кои се заинтересирани да ги изучуваат народните инструменти и песни“, посочи Величковска во својата изјава.

02.07dolneni3

Утре напладне во киното „Мис Стон“ ќе се одржи реконструкција на стар градски обичај „Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, обичај со длабоки корени во традицијата на прилепскиот крај. Утревечер од 18 часот на Рудина кај Долнени ќе се одржи втората фестивалска вечер.

02.07dolneni4
Во меѓувреме на Фестивалот трета година по ред се одржува Семинарот за изучување на народни инструменти и изворен мелос на кој 30 учесници од Македонија, Русија и Србија теоретски и практично ги изучуваат инструментите гајдат, кавал, тапан и зурла.

02.07dolneni5
Фестивалот ќе ги награди најдобрите учесници, ќе додели Гран при награда, а странски гајдаџија ќе ја добие „Гајдата на Пеце Атанасовски“ што ја доделува општината Долнени.