99 македонски извршители во 2021 година собрале профит од 3,4 милиони евра – најмногу заработила најмладата извршителка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според податоците со кои располага Комората на извршители, а на кои се повикува порталот „Пари“ известувајќи за оваа тема, минатата година 99 македонски извршители направиле вкупен профит од скоро 3,4 милиони евра. Добивките се движат од 1.821 денар до дури 8 019 304 денари, или над 130 000 евра.

Извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата што ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра.

Листата на топ 10 најуспешни извршители во Македонија за 2021 година ја предводи извршителката Катерина Кокина од Скопје, а завршува со Славица Ацовска, извршителка од Тетово. Кокина успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи добивка од речиси 130 000 евра. Кокина своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години, а како извршител работи 11 години.

На второ место, со профит од 123 000 евра, е поранешниот претседател на Комората на извршители, Гордан Станковиќ. Тој е познат во јавноста по тоа што со години беше неприкосновен во однос на правењето профит. Според информациите што јавно беа објавени во медиумите, во периодот од 2012 до 2017 година, односно за пет години, Станковиќ направил нето-профит од 1,3 милион евра, или во просек по 260 000 евра годишно.

Токму пласирањето на ваквите добивки во јавноста, како и притисокот на невладиниот сектор, доведоа до извесни законски измени со кои се намалија плаќањата за извршувањата.

Иако не заработиле колку што би заработиле во минатото, во групата на топ 10 извршители за 2021 година најнискиот профит е 78.169 евра, а го направила извршителката Славица Ацовска.