95-годишната Филис е жив доказ дека годините се само бројка


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Американката Филис Сјус е една од најинспиративните жени на светот. Оваа 95-годишна жена во своите 50-ти години започна сопствен приватен бизнис, а на 85 години почна да вежба јога. На 90 години прв пат скокна со падобран.

Нејзиниот скок со падобран го снимаа од Fox News, кои го платија овој нејзин екстремен и адреналински потфат.

„Разговарав со продуцентот од Fox News и ме праша дали сакам да скокнам со падобран за својот 90. роденден. Размислував неколку минути за тоа и се согласив. Не ми беше страв, само чувствував мачнина, возбуда и желба да го направам тоа. Скокот беше феноменален, најдоброто искуство во мојот живот. Како да сте станале партнер со вселената, станувате едно со универзумот“, напиша оваа 95-годишна фантастична жена на својот Инстаграм профил.

Освен тоа, Сјус почна да пишува и книга со наслов „20 совети како да го промените животот“. Иако како и секоја друга личност на тие години често има здравствени проблеми, настојува таквите ситни проблеми да не ја спречуваат во слободниот живот. Нејзина главна цел е да се чувствува добро. Иако за својата долговечност може да им заблагодари на добрите гени, Сјус верува дека клучот за долговечноста и прилично доброто здравје е тоа што е активна.

Уште како 14-годишно девојче Филис почнала да се занимава со танцување и уште тогаш знаела со што ќе се занимава целиот свој живот, а нејзин омилен танц е тангото, кој почнала да го вежба на 85 години.

„Играњето танго е толку природно, исто и вежбањето јога. И двете активности почнав да ги практикувам на 85 години. Десет години подоцна ја обожавам таа моја одлука. Живејте го животот, бидејќи годините се само број“, напиша Филис.

Во 1953 година се омажила за актерот Алан Сјус, со кој глумела во комедии, а до 1968 година танцувала на телевизија. Сјус во 1970-те години се занимавала и со дизајнирање женска облека за високата мода.

Нејзиниот моден бренд работел со нејзиното име цели 22 години, а во 2003 година почнала да го пее и нејзиниот омилен музички жанр – џезот.