Home Актуелно 920 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија

920 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија

Министерството за здравство денеска, 13. февруари, информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица. Починале 6 лица од Скопје (61г, 66г, 67г, 72г, 78г и 83г), 2 лица од Битола (66г и 88г) и по едно лице од Охрид (91г), Струмица (77г) и Тетово (72г).

Од вкупниот број починати лица – 11, 6 лица се целосно вакцинирани, a кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Во последните 24 часа потврдени се 920 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 502 случаи во Скопје, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2 и по 1 случај во Пробиштип и Радовиш.

Од вкупниот број позитивни – 920, регистрирани се 119 реинфекции.

Регистрирани сe 1.190 оздравени пациенти, односно од Скопје – 1.039, Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.846.264 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.338 тестови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…