92 поени за 32 минути? Да, можно е, и тоа со 16 години!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неверојатна спортска приказна ни доаѓа од САД, а не е поврзана со NFL тутулата, Супербоулот ниту за НБА лигата.

Ламело Бол, помлад брат на универзитетската ѕвезда Лонк Бол на еден кошаркарски натпревар постигна неверојатни 92 поени.

Неговиот тим Чино Хилс ги победи со 146:123 врсниците од Лос Осос и така на најдобар можен начин го преболе поразот од пред неколку дена со кој ја прекина низата од 60 победи.

Најголема ѕвезда секако беше младиот Бол кој на полувремето имаше „само“ 29 поени, но после паузата буквално „полуде“. За се да биде уште по неверојатно уфрли само седум тројки, а 41 поен постигна во последната четвртина.

Треба ли да се нагласи дека една четвртина во средношколската кошарка трае само осум минути?

Целата приказна е уште позабавна ако се знае податокот дека екипата ја тренира неговиот татко, Лавал Бол, и дека младиот Ламело доби повеќе минутажа на терен само поради фактот што средниот од тројцата браќа, Лианџело, мораше да одмара поради престојниот плејоф.