83-годишниот Берлускони „љуби“ 50 години помлада плавуша


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Папараците го фотографираа 83-годишниот италијански тајкун и бивш политичар Силвио Берлускони со новата девојка фатени за раце во сончевата Сардинија, каде што Берлускони има летна резиденција на Коста Смералда, пренесува италијанскиот Vanity Fair. Со тоа се потврдија гласините дека Силвио е во врска со русокосата Марта Фаскана.

Новата избраничка на Берлускони, Фаскана, му е партиска колешка од Форца Италија и покрај политичките верувања, тие споделуваат и љубов кон фудбалот. И двајцата се страствени навивачи на Милан, и се познаваа уште од времето кога Марта работела за славниот фудбалски клуб, а Берлускони во тоа време бил претседател на Милан.

Тие биле фотографирани заедно и пред неколку месеци во Швајцарија, предизвикувајќи гласини за новата љубов на 83-годишниот љубител на далеку помлади девојки.

Многу брзо, неговиот ПР тим објави дека тој ја прекинал врската со Франческа Паскале (35), што траеше 10 години.

Се вели дека Берлускони намерно им обезбедил на медиумите фотографии од Сардинија затоа што сакал да и се одмазди на својата поранешна партнерка. Имено, пред неколку дена, Франческа Паскале ги прекри насловните страници на италијанските списанија, откако беше снимена како ја бакнува популарната пејачка Паола Турчи (55).