828.000 Турци и Сиријци останаа без работа после стравичните земјотреси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Околу 828.000 турски и сириски работници останаа без работа по серијата земјотреси што во февруари ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, соопшти Меѓународната организација на трудот.

Првите податоци покажуваат дека земјотресите во Турција доведоа до намалување на работната активност и дека околу 658.000 луѓе се без работа или приход, според проценката на агенцијата на ОН.

Во Сирија, каде веќе 12 години трае граѓанска војна која нанесе големи штети на економијата и на пазарот на трудот, околу 170.000 работници останаа без работа поради земјотресот.

Без итна и соодветна помош, сиромаштијата, неформалното вработување и детскиот труд веројатно ќе се зголемат, предупреди организацијата, додавајќи дека отворањето работни места е од суштинско значење за „ефективен и инклузивен одговор“ на катастрофата.

Меѓународните донатори на конференцијата во Брисел минатата недела ветија дека ќе обезбедат седум милијарди евра помош за населението на Турција и Сирија погодено од земјотресот на 6 февруари во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе и предизвика штета која се проценува на повеќе од 100 милијарди евра.