8 години затвор за бившиот градоначалник на Битола, Владимир Талевски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во пресудата која Кривичниот суд ја изрече во рамки на случајот „Транспортер“, бившиот градоначалник на Битола, Владимир Талевски, доби 8 години казна затвор за злоупотреба на службената положба во предметот. Поранешниот раководител во општината Слободан Бончановски доби 6 ипол години затвор.

Во предметот Транспортер за ученичкиот превоз во Битола, од вкупно 21-те обвинети, 11 мина добија ефективни затворски казни во висина од 2 години и два месеца до 3 години и 3 месеци. Меѓу нив се претежно претставници на транспортни фирми преку кои се реазлизирал превозот . 10 мина обвинети пак добија условни казни најголем број односно 8 мина биле директори на основни училишта во општина Битола. На предлог на обвинитлството, судечкиот совет одлучи Талевски и Бончановски да бидат во домашен притвор а останатите обвинети добија мерки на претпазливост.

Обвинетите одговараат за кривично дело злоупотреба на службена положба со што предизвикале штета од над 550 илјади евра. Имаат право на жалба пред Апелација . Наизрекувањето на пресудата не дојде Талевски. Присутвуваа само неколкумина адвокати и обвинети и обвинителите Љубомир Лапе и Трајче Пеливанов.

Судијката Добрила Кацарска читајки ја првостепената пресуда речиси еден час во детали објаснуваше зошто јавната набака за ученички превоз во Битола била незаконска и што преземале обвинетите.