Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тешко дека има некој филмски фанатик кој не го сака Ал Пачино. Славниот Мајкл Корлеоне ги има освоено сите филмофилски срца ширум планетава, а да не правиме муабет за оние женските. Доказ за тоа е неговата 39 години помлада девојка, актерката Лусила Сол, со која е во речиси седумгодишна врска.
Лусила и Пачино го прославија неговиот 77-ми роденден во Мексико, а судејќи според фотографиите, очигледно славниот актер ужива во секој момент со својата далеку помлада и поубава половина.
Во жежок и провокативен бел костим за капење, шешир и очила за сонце, Лусила уживаше со Ал облечен во црна маица и шорц со кои влегуваше и во вода.
Годините, како што носи ред, го нагазија и големиот Пачино, во поглед на физичкиот изглед, па тој денес повеќе личи на фраерски дедо, отколку на мачо заводник, но името и манирите сигурно уште го пласираат во врвот на светските заводници.