Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вкупно 753 работници останаа без плата за февруари и март и покрај тоа што газдите на фирмите каде што се вработени тие добиле финансиска помош од државата. 181 работодавач наместо на вработените, парите си ги задржале за себе, со што го оштетиле буџетот од 196 илјади евра. Најмногу злоупотреби имало во Скопје, Тетово и Битола во секторите служење храна, трговија на мало и копнен транспорт. Веќе добиле опомена, а се соочуваат и со парична казна, вели првиот човек на УЈП, Лукаревска
На работодавачи кои што користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата им се доставени опомени, а по истекот на рокот за исплаќање на платите се започнува со постапка за присилна наплата долгот согласно пресметките како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице– вели Лукаревска.
За да нема злоупотреби, од ССМ бараат повисоки казни за работодавачите. Сумите од 500 евра глоба велат дека се смешни во споредба со парите кои ги добиваат од државата. Бараат газдите да одат в затвор, а не парично да се санкционираат . Министерката за труд апелира до работниците на кои не им се исплаќа плата, да ги пријавуваат работодавачите.
Сега се на потег институциите кои се надлежни и со мерки и активности треба да ја испорачаат правдата, но и да овозможат да се испочитува она за што ние како Влада отворено се заложивме и така ја креиравме финансиската поддршка на компаниите, рече Шахпаска.
Инаку, плата за април, мај и јуни, како и октомври ноември и декември се уште не добиле 356 вработени. И покрај јавната објава на имињата, опомените, заканите за присилната наплата, скоро 120 газди се уште не им ги дале ланските плати на работниците. со што го оштетиле буџетот од 81 илјада евра. Дали и кога ќе ги добијат платите вработените., ќе зависи од Јавното обвинителство , каде се наоѓаат предметите за злоупотреба на државна помош за исплата на плати