Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој инфраструктурен градежен подвиг во Индија, за кој официјално е заслуга на Националната управа за автопати на Индија (National Highway Authority of India), наиде на воодушевување ширум светот откако информацијата за истиот беше споделена на социјалните медиуми.
Имено, растојанието од околу 75 километри кое ги дели градовите Амравати и Акола, во рамките на индиската провинција Махараштра, луѓето успеале да се поврзат по автопат за само 105 часа и 33 минути, што е помалку од пет дена. Веста прв ја сподели локалниот министер за транспорт Нитин Гадкари кој ја објави на социјалната мрежа Твитер.
#ConnectingIndia with Prosperity!
Celebrating the rich legacy of our nation with #AzadiKaAmrutMahotsav, under the leadership of Prime Minister Shri @narendramodi Ji @NHAI_Official successfully completed a Guinness World Record (@GWR)… pic.twitter.com/DFGGzfp7Pk
— Nitin Gadkari (@nitin_gadkari) June 7, 2022
Иако во веста што ја објавија индиските медиуми се наведува дека се работи за автопат, пишува и дека делницата има само по една сообраќајна лента во секој правец.
Делот од патот го изгради приватна компанија наречена Rajput Infracon. Изградбата на автопатот што ги поврзуваше градовите Амравати и Акола започна во саботата 3 јуниво шест часот по локално време.
Локалните медиуми наведуваат дека во работата биле ангажирани околу 800 вработени, од кои 700 на терен.