75 години од фрлањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес, 6 август, 2020 година, се одбележуваат 45 години од стравичните детонации на атомските бомби кои врз Хирошима и Нагасаки ги фрлија воените сили на САД.

На 6 Август 1945 година американските воени сили исфрлија две нуклеарни бомби во Јапонија. Едната нуклеарна бомба го уништи градот Хирошима а другата Нагасаки. Нуклеарните бомби беа разорни за населението што се покажува со фактот дека умреа повеќе од 200.000 луѓе од експлозијата на бомбите. Во Јапонија овој ден е сè уште ден на национална жалост иако изминаа 75 години од ударот на бомбите.

Генералот Ајзенхауер подоцна изјавил дека исфрлањето на бомбите не било потребно за извојување на победа во војната со Јапонија, но, тогашното империјално раководство на САД одлучило сепак да ги исфрли за да може да се заплашат нивните источни „сојузници“, односно Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР). На крајот на Втората светска војна кога Царството Јапонија било подготвено да потпише безусловна капитулација сепак било одлучено да се исфрлат за да можат да се заплашат сојузниците.

До денес жртвите немаат добиено репарации од САД за користењето на смртоносното, но и крајно нехумано оружје искористено во Втората светска војна од страна на Армијата. Повеќето од жртвите од бомбите беа цивили, односно жителите на градовите Хирошима и Нагасаки и нивните околини. Разорното дејство на ова ново оружје во тој период од човековата историја било прочуено насекаде, како заради неговата крајно несразмерна моќ, така и за зацврстување на новата глобална геостратешка позиција на САД.

Подоцна се отворија дебати и дискусии за затворање на погоните за производство на нуклеарно оружје од страна на сите светски сили, но империјализмот, колонијализмот и милитаризмот дозволија во светот сè уште да се произведуваат нуклеарни оружја, истите тие да се подобруваат и усовршуваат наместо да се уништат.

Извор: Гласник