74 нови случаи на Ковид-19 и две починати лица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистичките податоци од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство ја пренесува новата тековна дневна состојба со коронавирусот во Македонија.

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1.

Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево ,двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови.