Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новозеландскиот милионер и познат наутичар Невил Криктон плови по Јадарнот на 46 метри долгата јахта Como, во друштво на неговата 38-годишна сопруга Нади Хасандедиќ и пријателите. Екипата беше снимена од папараците на островот Хвар.
74-годишниот милионер оваа година со 34 години помладата манекенка со босанско потекло, ќерка на мостарецот Мугдим Хасандедиќ Мугде, кој во далечната 1957 година заинал во Австралија. Се проценува дека венчавката чинела околу еден милион долари, што е буквално ситница за 400 милиони долари „тешкиот“ Криктон. Нади пред бракот со милионерот беше менаџерка во Christian Dior.
На Невил во 1978 година му бил дијагностициран рак на грлото, а после 30 операции, докторите му рекле дека никогаш повеќе нема да може да зборува. Сепак, наспроти лошите прогнози, а благодарение на експерименталната операција во Индијанаполис, милионерот проговорил откако беше меѓу првите луѓе во светот на кои им беше вграден вештачки ларинкс.
Богатството го има стекнато со увоз и продажба на луксузни автомобили, а голема страст му се автомобилските трки и едрењето.