Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рацин беше човек полн со оптимизам, дури и во тие опскурни 30-ти години на 20-от век, кога народот, и Европа генерално, преживуваше тешки денови.
Неговите другари добро го паметат неговото „Ќе победиме“, со кое ги поздравуваше и храбреше во многу прилики. Дури и неговите последни зборови кога беше застрелан на Лопушник беа: „Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти, сепак, ние ќе победиме.“
ПРОШТАВАЊЕ
На печалбарите
Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
не ли ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб,
снага по туѓи палати оставам,
снага во усти несити клавам,
и дома – дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја галам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане…
Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови – крепи тешки си редиш —
Величко, мори, другачко златна!
Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи – очи засвети
онија очи, што душа горат!
Тој што ни, Вело, однесе сичко —
тој ни остави од темно темен
веков за мака – но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!
Има ги, има – мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.
И има, има – радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш
во борба гроб ти душа не зема!