Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грчките полициски службеници не пропуштаат камиони на граница од македонска страна, поради лоши временски услови во Грција, па затоа на меѓуграничниот простор чекаат 70 товарни возила.
Министерството за внатрешни работи извести дека во среда остварен е контакт помеѓу раководител на смена на полициската станица за граничен премин Богородиц со раководител на смена на граничен премин Евзони во врска со застој при влез во Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Р.Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.
Затоа во меѓупросторот, за влез во Грција чекаат околу 70 товарни возила.