70.000 евра „ги пушти по вода“: Криза во кариерата на Северина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако ги откажа последните три концерти, а нејзиното шоу за „Денот на жената“ во Златибор било целосно фијаско со само 120 продадени влезници, српските медиуми пренесуваат дека кариерата на Северина е во сериозна криза.

Оваа криза (а според некои медиуми и пропаст) во музичката кариера на славната Севе, како што пишуваат регионалните медиуми, е резултат на прекинувањето на соработка со нејзиниот менаџер Томислав Петровиќ. Дополнително, за кризниот период во нејзината кариера придонесло и раскинувањето на соработката со експертот за односи со јавноста, Давор Гргин, како и со адвокатот Дарио Будимир.

Откако Северина преку нејзиниот Фејсбук профил најави откажување на концертот во Зачрет, наводно поради проблеми меѓу организаторите кои го договарале концертот, со демант се огласија самите организатори.

„Почитувани, со искрено жалење, принудени сме да ве известиме дека концертот на Северина, договорен за 13 април 2019 нема да се одржи. Исто така, сакаме да ве информираме дека останавме непријатно изненадени на објавата на официјалниот Фејсбук-профил на пејачката, која како причина за откажувањето наведува извесни проблеми кои настанале помеѓу организаторите, иако тоа не е така“, се вели во одговорот од организаторите на концерот на Северина.

Во естрадните кругови се шпекулира дека зад сето ова стои мажот на пејачата Игор Којиќ, кој смета дека е дораснат за позицијата менаџер, па наводна смета дека парите треба да останат во куќата и дека нема потреба за кариерата на Северина да се грижи некој друг освен тој самиот.

Медиумите во регионот пишуваат дека Северина во последниот период останала без 70.000 евра заради отажување на нејзините настапи.