Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вклучете некои од овие совети за да ја поттикнете страста во спалната соба и да гарантирате експлозивни резултати во вашата љубовна врска.
Користете перница
Паметното поставување на перницата под бутовите, задникот или грбот ќе го промени аголот и длабочината на пенетрација, па ќе ви донесе поголемо задоволство.
Користете вратоврска
Копирајте ги Анастасија Стил и Кристијан Греј во спалната соба со помош на вратоврска за прицврстување на зглобовите и/или нозете – над главата, зад грб или на страните на креветот. Вратоврската ќе ви служи и за врзани очи.
Користете го часовникот
Користете го вашиот мобилен аларм за нешто повозбудливо отколку кога треба да се разбудите за работа. Договорете се за секс во „рок“, односно во одредено време, кое ќе го ограничите со веќе споменатите аларми. Ако не сакате „стресен брз секс“, оставете го алармот да го ограничи времето за предигра.
Додадете играчки
Сетилните истражувања ќе бидат уште пострасни ако меѓу чаршафите додадете играчки за возрасни како вибратор. Со него можете да стимулирате бројни области на кожата на двајцата партнери: со негова помош обичната мисионерска поза ќе се претвори во најдобрата поза на сите времиња, а со неа можете и нежно да ги стимулирате тестисите на вашиот сакан.
Назад од работ
Побарајте од партнерот да го контролира вашето сексуално задоволство и да го прекинува дејството секогаш кога ќе дојдете до работ на оргазам. Продолжената игра на „ладење“ и повторно „запалување“ ќе ви гарантира неверојатна кулминација.
Бакнувајте се кога ќе доживеете оргазам
Бакнувањето за време на оргазам внесува нова димензија во вашата врска – ја продлабочува врската меѓу партнерите и го интензивира сексот.
Табу допири – само со претходен договор
Вклучете малку анална стимулација во вашиот сексуален живот, но само со претходен разговор за желбите, очекувањата и границите на тоа истражување. Во близина на анусот има милиони нервни завршетоци, па дури и лесно удирање на надворешниот дел од оваа „забранета“ област може да донесе многу задоволство, како за жените така и за мажите.