Home Љубов и секс 7 работи што не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

7 работи што не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените

7 РАБОТИ ШТО НЕ ТРЕБА ДА ОБЈАВУВАТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Овој празник за некои парови е голем и среќен настан кој со нетрпение го очекуваат, додека кај други предизвикува главоболка.

Без разлика во која група припаѓате, овие седум работи никогаш не треба да ги објавувате на социјалните мрежи за Денот на вљубените!

1. ФОТОГРАФИЈА КАКО СЕ БАКНУВАТЕ СО ПАРТНЕРОТ

Францускиот бакнеж треба да остане само ваш момент и не мора сите да видат што се случува кога сте сами.

2. ДОЛНА ОБЛЕКА КОЈА СТЕ ЈА ДОБИЛЕ НА ПОДАРОК

Ве потсетуваме дека вашите пријатели, родители и деловни соработници имаат профил на социјалните мрежи и можат да видат сè што објавувате.

3. ФОТОГРАФИИ ОД ПОДАРОЦИТЕ ШТО СТЕ ГИ ДОБИЛЕ

Без разлика дали партнерот ви подарил една или 101 роза, ако ја поставите фотографијата на социјалните мрежи, тоа ќе изгледа како фалење, што никој не го сака.

4. ЕТИКЕТАТА СО ЦЕНАТА

Ако веќе сакате да го објавите подарокот што сте го добиле, барем направете го тоа со стил.

5. ВЕЧЕРА ПОКРАЈ СВЕЌИ

Квалитетот на фотографиите и онака нема да биде добар поради слабата светлина, па зошто да го фотографирате овој интимен момент и да го споделувате со другите?

6. ДОЛГИ ТЕКСТОВИ ЗА ТОА КОЛКУ ГО САКАТЕ ПАРТНЕРОТ

Може да добиете 200 лајкови за долг текст посветен на партнерот што сте го напишале, но единствената личност што треба да го знае тоа и кому навистина му значи е вашиот сакан. Доволно е тој или таа да ги прочита вашите искрени зборови. Не мора илјада пријатели на Фејсбук да знаат како се чувствувате.

7. ПОРАКАТА ШТО СТЕ ЈА ДОБИЛЕ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Повторно, овие интимни работи треба да останат само меѓу вас. Дали навистина сакате вашиот професор од факултет да знае како се чувствувал вашиот партнер кога ве видел за првпат? Секако дека не!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Терапевти откриваат тајни за тоа како да имате исполнет сексуален живот

Како човечки суштества, природно тежнееме кон спонтаност во спалната соба, но со текот на …