7 причини зошто „пленк“ е една од најдобрите вежби, и тоа за сите

Пленк

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа вежба стана планетарно популарна, а еве и 7 причини за тоа. Каде беше фитнесот пред пленк? Доколку не се појавеше оваа вежба фитнес светот немаше никогаш да биде ист. А од оваа вежба има изведено и многу комбинации.

Популарноста на оваа вежба е сосем оправдана, следуваат причините за тоа.

Пленкот навистина го опфаќа целото тело

Тоа не е само празна приказна, пленкот навистина не е мрзоволна вежба, кога станува збор за зајакнување на јадрото на телото. Оваа вежба покрај што е важна за естетски изглед на абдоменалниот дел, таа и знатно ги зацрврстува мускулите. А доколку оваа група на мускули  е зајакната, станува збор за здраво тело.

Пленк го чува телото од повреди

Ако јадрото на телото биде доволно цврсто, а вежбите со кои ќе го зајакнете ги опфаќаат и останатите делови на телото, тогаш ќе имате флексибилно тело. Со оваа вежба добивате и голема издржливост, а со тоа ќе бидете поотпорни на поголеми оптоварувања. А со тоа ќе го намалите ризикот од потенцијални повреди.

Пленк е вежбата која ќе ви го забрза метаболизмот

Само лаик може да се прашува како би можело оваа вежба да согорува калории, а не изгледа многу тешка. Но оваа вежба ја забрзува работата на срцето и со тоа целиот метаболизам. Иако сте статични во оваа вежба вашите мускули се напрегаат, вие согорувате калории и го зајакнувате телото.

Пленк ви помага за исправено држење на телото

Покрај тоа што помага за исправено држење, исто така му дава еден потенок изглед на телото т.е вие ќе изгледате многу подобро. Исто така пленкот делува и на позицијата на градите, вратот и рамената, а сето тоа од оваа навидум обична вежба.

Оваа е вежба која ја зголемува стабилноста

Цврстото и исправено тело би требало да се одликува со голема стабилност, а пленк е вежбата со која ќе го постигнете тоа.

Пленк ве прави да бидете пофлексибилни

Пленк е вежба која не ги погаѓа само групите на мускули, таа на некој начин ги поврзува мускулите. Исто така влијае на зглобовите, лигаментите и коските. А со тоа телото добива на флексибилност и влегува во фаза на „фит“ тело.

Пленкот ги оформува вашите раце и нозе

Можеби тоа така не ви изгледа дека 30 секунди ќе подобрат нешто, но не е така. Ова е одлична вежба која ги зацрврстува рацете и нозете. Па затоа е многу популарна вежба, пред се поради што го опфаќа целото тело. Топло ја препорачуваме.