Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Свежите и домашните оброци стануваат луксуз во напорниот начин на живот.
Подгревањето на нашите оброци стана неопходно, но дали знаевте дека некоја подгреана храна може да биде опасна за нашето здравје?
Во остатокот од текстот ви откриваме листа на намирници кои мора да избегнувате да ги подгревате доколку сакате да го зачувате вашето здравје…
Компир
Компирите се многу хранливи, но мора да избегнувате повторно да ги загревате, бидејќи на тој начин компирот ја губи својата хранлива вредност, па дури и станува токсичен. Јадете компири свежо подготвени или ладни, но никогаш не ги загревајте повторно!
Месо
Загревањето на месото може да предизвика промени во протеините. Ако навистина сакате да го загреете месото, тогаш направете го тоа на средна температура.
Спанаќ
Спанаќот содржи нитрати, кои при загревањето под дејство на микроорганизми се претвораат во многу штетни и канцерогени материи. Спанаќот е најризичен и секогаш треба да се консумира свежо подготвен.
Репка
Репата содржи нитрати кои можат да бидат токсични. Тоа не значи дека не смеете да ja јадете вашata репа следниот ден, само треба да ja јадете ладнa.
Печурки
Најдобар начин да ги јадете печурките е кога тие се свежо подготвени, но доколку имате остатоци, препорачуваме да ги јадете ладни. Загреаните печурки можат да предизвикаат дигестивни проблеми.
Јајца
Јајцата се храна со висок ризик и можат да станат токсични кога се изложени на високи температури. Јадете свежо подготвени јајца и избегнувајте да ги загревате.
Целер
Целерот содржи нитрати, па затоа треба да јадете само свеж целер и да избегнувате да го загревате.