Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доручекот е најважен оброк, затоа внимавајте што внесувате на празен стомак.
Точно е дека ручекот треба да биди обилен и да содржи намирници богати со нутритиенти, но доручекот е оној со кој го започнувате денот. И нормално храната не смее да ви го зафркни денот.
Доручекот е оној кој ви обезбедува енергија за во текот на денот, со цел да може да ги извршувате секојдневните обврски. Затоа следните намирници немојте да ги конзумирате на празен стомак. Тие се одлични и здрави, но не се препорачуваат на празен стомак.
Агруми
Под агруми спаѓа сето кисело јужно овошје. Тие изобилуваат со хранливи материи, но и со витамин Ц. Како и да е, тоа не е добар избор за доручек, заради киселините кои ги имаат во себе. Тие киселини може да ја зголемат шансата за гастритис.
Зачинета храна
Може да го иритира вашиот систем за варење, и да предизвика мачнини.
Банана
Ако на сабајле прво изедете банана ќе го зголемите нивото на магнезиум во крфта, што доведува до проблеми со срцето. Бананата е здрава ужина, но треба да се избегнува на празен стомак.
Газирани пијалоци
Доколку не е свежо направено смути или цеден сок, не постои ништо што ќе ја замени водата. А на газираните пијалоци не треба ни да помислите, не само за доручек туку генерално. Овие пијалоци само ви го успоруваат метаболизмот, и дефинитивно треба да ги избегнувате.
Зелен зеленчук
Тој е совршен избор за ручек, но добро би било да го избегнете за доручек. Зелениот зеленчик има многу аминокиселини, па така може да предизвика стомачни проблеми.
Домат
Може да се стави во група на зеленчук, и важи истото правило. Да се конзумира за ручек е одлично.
Круша
Ова е уште едно здраво овошје кое не се препорачува да се јаде на празен стомак. Содржи многу нутритивни влакна, може да предизвика чудно чувство во стомакот.