7-ка на лото вредна 6.000.000 денари во џебот на пензиониран градежник!

лото

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во просториите на Државна лотарија на Македонија вчера се исплати премијата добиена во 92 коло од играта на среќа наречена Ново лото 7/34“.

Пред 10 дена, пензионерот од Скопје со иницијали Ј.Ј тој бил среќниот добитник на оваа награда. Неговиот идентите сака да остане анонимен, а ни ја откри неговата професија. Тој всушност имал завршено машинство, а работел како градежник пренесува Kladenje.mk.

За себе вели дека е хазардер по природа, но додава дека никогаш не го напуштила вербата во добивка. Соседите и пријателите се смееле кога редовно им повторувал дека во наредното коло премијата ќе биде негова, но по извлекувањата, им презакажувал за следното коло. Ете тоа следно коло дојде на 18 ноември во оваа 2017. Сега соседите би требало да му поверуваат доколку им каже. Нашиот 19-ти лото-милионер ни направи интересна паралела меѓу спортска прогноза и лотото.

лото

За спортската вели мора да се знае комбинаторика, а за лотото треба само упорност и верба дека твоите броеви од барем една од 10-те колони еден ден ќе бидат извлечени.

Тој со себе ги донесе електронските потврди за уплата што ги чува од 3 мај 2016 и внимателно пресметал дека од тогаш наваму за уплата во 150 кола дал точно 30.000 денари. Редовно ги игра истите броеви и тие му се комбинација до која дошол по свое видување, без поврзување со родендени и други важни датуми.

Не игра систем, уплаќа само 10 колони, што го чини 200 денари од коло. Порано, како што вели нашиот најнов милионер, во Титова Југославија, со уште тројца другари играл спортска прогноза и уплаќале многу повеќе, сите имале добри примања и играле системски.

Еден ден во 1983 година не се собрале да играат заедно, па тој решил да уплати сам. Добил тринаесетка која носела тогашни 22.000 марки. Ги повикал другарите, им го покажал ливчето и на сите им поделил по 3.000 марки.

Со дел од средствата заедно уплатиле и за неколку дена добиле тринесетка вредна 165.000 марки раскажува овој среќник за vesti24.mk. Во 1983 година 12 пати добиле тринесетка. Но, уплаќале и до 471 ливче, а само тој одвојувал една петтина од платата.

лото

Ј.Ј. ни раскажа дека уште чува исечок од весник од Титова Југославија од 1951, каде што пишува за татко му, кој бил првиот добитник на спортска прогноза и остварил добивка од тогашни 121.000 динари. Ова секако потврдува дека во неговото семејство се пристутни вербата во игрите на среќа и добивките.

Денес, нашиот најнов член на лото-милионерите, од својата пензија, која изнесува 16.000 денари, издвојува 10 отсто за редовна уплата на  10 комбинации „Ново лото 7/34“. Патува и во Србија, а кога е таму, уплаќа само по 4 комбинации на играта „Лото“ бидејќи цената на ЕДНА комбинација изнесува наши 40 денари (или двојно повеќе од нашата).

Вели дека ќе продолжи да уплаќа со истата динамика, истите броеви, исто по 10 комбинации. За средствата од седмицата ќе направи распоред, дел за ќерката, дел за здравје, дел за подобрување на начинот на живеење. На заминување и нам ни порача со насмевка: Играјте лото, никогаш не се знае.Нека му се со среќа и да си ги користи во здравје и благосостојба.