7 јуни 1993…25 години од трагичната смрт на кошаркарскиот „Моцарт“

drazen

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес изминуваат 25 години од сообраќајната несреќа во германски Инглоштад во која животот трагично го загуби еден од најдобрите европски кошаркари, Дражен Петровиќ.

Кошаркарскиот свет денес се сеќава на легендата на овој спорт, кошаркарскиот „Моцарт“ кој на 7 јуни 1993 година на трагично загина во собраќајна несреќа во Германија.

Несреќата се случи на автопатот во Инглоштад, каде што автомобилот управуван од девојката на Дражен, Клара удри во камион. Дражен почина на лице место…Веста за големата трагедија молњевито го обиколи светот, кошарката го загуби еден од најдобрите играчи на овој спорт.

Денес, 25 години подоцна само можеме да се потсетиме на она што во својата кариера го направи Дражен Петровиќ.

Роден е во Шибеник 1964 година, а во овој град започна да се занимава со кошарка каде што за прв пат го покажа својот чудесен талент. Со матичниот Шибеник играше во финалето купот „Радивоје Корач“ во 1982 и 1983 година, а потоа ја освои и титулата шампион на Југославија, која подоцна на „зелена маса“ и беше доделена на Босна.

Потоа заминува во Цибона каде што две сезони во низа застануваше на тронот на Европа (1985 и 1986 година).

Во Цибона остана до 1988 година, кога направи трансфер во Реал Мадрид, а потоа очекувано заигра во НБА лигата. Прво ги бранеше боите на Портланд (1989-1991), а потоа на Њу Џерси каде што беше најдобар стрелец.

Кога во прашање е репрезентативната кариера, со Југославија во 1989 година стана шампион на Европа и најдобар играч на првенството, а една година подоцна ја освои и титулата шампион на светот. После распадот на земјата со Хрватска играше во 1992 година играше во финалето на Олимписките игри, против познатиот американски тим предводен од Мајкл Џордан.

Во продолжение погледнете детали од натпреварот во Купот на шампионите против Реал Мадрид во 1985 година каде што ја предводеше Цибона до титулата шампион на Европа.