7.728 евра за парче – најскапото чоколадо на светот изложено во Португалија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На саемот за чоколада во Обидос, Португалија, беше презентирано најскапото чоколадо на светот кое држи рекорд со својата цена.

Ограничената едиција содржи 1.000 бонбони по цена од 7.728 евра по парче. па оваа драгоценост ја чуваат двајца чувари.

Секоја бонбона е обложена со злато што може да се јаде, а се полнети со најскапите зачини: шафран, тартуф, ванила од Мадагаскар и златни ливчиња.

Креаторот на чоколадото, Португалецот Даниел Гомеш, изјави дека тоа чоколадо во форма на дијамант влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа во светот.

Инаку, кутијата во која е чоколадото има форма на круна и е украсена со 5.500 Сваровски кристали.