Актуелно

МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ДВОЈАЗИЧНА: Со 69 гласа донесен Законот за јазиците


Законот за употреба на јазиците денес беше изгласан во Собранието со 69 гласа ЗА, на пленарната седница на која беше присутен и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Законот беше едногласно донесен, односно „за“ гласаа сите пратеници кои се произнесоа на денешната седница. Воздржани немаше, а немаше ни против.

Сепак, при второто гласање, на кое се произнесуваа пратениците од помалите етнички заедници, имаше еден глас воздржан. Како што појасни претседателот на парламентот, Талат Џафери, овој закон се носи со мнозинство пратеници од помалите етнички заедници. Од овие пратениците гласаа вкупно 28, од кои 27 „за“ и еден воздржан.

Со овој закон, Македонија и де факто станува двојазична држава на целата територија.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top