Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
А.Е. (63) беше жртва на пожар во семејната куќа која целосно изгоре синоќа во Струмица на улицата „Пиринска” број 26. Соседите не можат да поверуваат дека се случила трагедија и дека во пожарот загинал нивен сосед.
„Беше грозно, страшно. Голем оган избувна. Пламенот се гледаше од далеку, од кај училиштето „Маршал Тито”. Дојдоа пожарникарите и соседите со полевање вода го изгаснаа пожарот. Многу, многу страшно беше“, изјави еден сосед.
Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.
„Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице“, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Трагичниот настан го потврдија и од СВР Струмица. Оттаму информираа дека синоќа во 20:54 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на А.Е.(63) на улица „Пиринска” во Струмица, во која било пронајдено и едно починато лице.
Денеска околу 10 часот почна увидот од страна на јавен обвинител од ОЈО Струмица и инспектор за пожари.
Повеќе информации најавуваат за подоцна откако ќе заврши увидот.