62 години од стравичната авионска трагедија на фудбалерите на Манчестер Јунајтед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На денешен ден, 6 февруари, пред 62 години, легендарните „Бебиња на Базби“ доживеаја авионска трагедија во која загинаа 23 лица, од кои осуммина фудбалери и тројца члена на стручниот штаб на „Манчестер Јунајтед.

Авионска несреќа која се случи во Минхен, на 6 февруари 1958 година, ги згасна животите на фудбалерите кои беа дел на една од најдобрите генерации на Манчестер Јунајтед.

Таа генерација предводена од Сер Мет Базби чија просечна старост била 21 година ја освоила англиската лига во 1956-та и 1957-та година, а на „Бебињата на Базби” им се предвидуваше дека ќе доминираат и во европскиот фудбал.

На денот на несреќата, тимот се враќал од натпреварот во Европскиот Куп во Белград против Црвена Ѕвезда. Во авионот имало 44 патници од кои загинале 23.