Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓу вкупно 62-те лица кои поднеле барање за амнестија во врска со собраниските инциденти кои се случија на 27 април минатата година, според правото на такво барање кое го обезбеди новодонесениот закон за амнестија, барање да биде амнестиран поднел и адвокатот Еленко Миланов, кој беше правен бранител на неколку обвинети во рамки на судскиот процес за овој случај.
Пред почетокот на денешното рочиште во Кривичниот суд претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска го праша дали можеби е обвинет за настаните од 27 април.
„Ваше законско право е да поднесете барање за амнестија, но не знам по кој основ е. Дали можеби и вие сте обвинети?“, праша судијката Кацарска.
Рочиштето требаше да продолжи со изнесување дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и Игор Југ, но поради важечките барања за амнестија судијката Кацарска побара да одлучат обвинетите дали доказите да се изведат денеска или на следното рочиште кога, како што рече, ќе се знае дали некој е амнестиран или не.
Обвинителката Ивана Трајчева побара доказите сепак да се изведат, а тоа го поддржа и поголем дел од одбраната на обвинетите. Да продолжи изведувањето на доказите побараа и обвинетите Јане Ченто и Игор Југ, кои не поднесоа варање за амнестија.
Судот одлучи да продолжи изведувањето на доказите од одбраната на обвинетиот Душко Лазаров.
Пртходно адвокатот Сашко Дуковски, бранител на обвинетиот Митко Чавков посочи дека на 27 април немало ангажирано доплнителни полициски сили, бидејќи било одбиено одобреното барање за ангажирање 50 полицајци што било попишано од директорот на БЈБ Митко Чавков
-Тоа го изведовме во петокот. МВР трбаше да го достави до Судот, а не да се впушта во оценки, рече Дукоски и додаде дека го повлекуваат доказот со оглед на тоа што МВР го доставило до Судот.