Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На сателитските снимки кои датираат од вчера (28.02) се гледа конвој кој се „протега од околината на аеродромот Антонов (оддалечен околу 25 километри од центарот на Киев) на југ сѐ до околината на Прибирск“ на север, соопшти американската компанија која е специјализирана за сателитски снимки со висока резолуција Maxar, пренесува Дојче Веле.
Снимките покажуваат десетици возила наредени на патиштата во украинската внатрешност, од кои дел се „многу оддалечени едни од други“, соопшти Maxar. Други возила, пак, се групирани „по две и по три“. На дел од снимките се гледа чад од објекти. Американската компанија објави и слики кои, како што се вели, прикажуваат ново разместување на воени хеликоптери и возила во Белорусија, на помалку од 30 километри оддалеченост од украинската граница.
Од почетокот на руската инвазија во четвртокот (24.02), украинските сили, според сопствени наводи, одбиле неколку напади на руските сили врз Киев. Поголеми борби имаше околу аеродромот Антонов. Според западни воени претставници, отпорот на Украинците го „забавило“ рускиот напад. Меѓутоа, Русија носи сѐ повеќе сили околу поголемите градови во земјата и, според украински наводи, ги гаѓа со ракети.
Вчера главната руска колона напреднала „околу пет километри“ во насока на Киев и сега е на оддалеченост од „околу 25 километри“ од градот, наведува висок претставник на американското Министерство за одбрана. Генералштабот на украинската армија на Фејсбук напиша дека руските воени сили се прегрупирале во последните 24 часа и натрупале оклопни возила и артилериско оружје „пред сѐ за да го опколат и да го стават под контрола Киев и други големи градови “ во земјата.