60 години старо Божиќно дрво поставено во њујоршкиот центар „Рокфелер“

A

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Норвешката смрека висока 23,5 метри, своевремено купена како млад садник пред 60 години, вчера беше поставена во центарот Рокфелер во Њујорк како најава за претстојните годишни Божиќни празници.

Фиданката во 1959 година ја купила Керол Шулц и ја чувала на маса. Таа го засадила дрвцето во нејзиниот двор по Божиќната сезона и го гледала како расте, пренесува АП.

Шулц и нејзиниот партнер Ричард О’Донел се пријавија на веб-страницата на Рокфелер Центарот во 2010 година и го „кандидираа ” дрвото. Пред неколку месеци, дознаа дека токму нивната смрека е избрана за најпознатата новогодишна елка на светот.

Дрвото е пресечено во четвртокот и со кран натоварено на камион. Церемонијата на осветлување на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.

Ланската елка, исто така, норвешка смрека, беше висока 23 метри и тежеше 17 тони.

Првата елка пред центарот Рокфелер е подигната во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, што потоа ја украсиле.

Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи да направи традиција од тоа и го одржа првото официјално осветлување на елката во 1933 година.