„60 години на Балканот и во Холивуд!“ – има разлика


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бред Пит сè уште е актуелен во многу муабети на социјалните мрежи поради споредбата со српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ.

Откако Бред Пит се појави на финалето на Вимблдон за да го следи мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, целиот свет зборува за неговиот изглед во 59-тата година од животот. Реагираа дури и пластичните хирурзи кои се обидуваа да одгатнат какви корекции ма правено и која е тајната за неговиот младолик изглед.

Меѓутоа, на Балканот не му требаше долго време за да се пошегува споредувајќи го младоликиот изглед на холивудскиот убавец со изгледот на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој исто така има 59 години.

На социјалните мрежи се споделува колаж од две фотографии со српскиот и холивудскиот актер со напис: „60 години на Балканот и во Холивуд“. Изгледа, оваа шега му се допаднала и на Бјелогрлиќ, па на својот профил на Инстаграм ја споделил истата со натпис: „Гледам дека ова е хит“.